Учиме, откриваме, СОНУВАМЕ и се забавуваме


НИЕ СМЕ ДЕТСКИ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА МАТЕМАТИКА

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ

Првите 2 часа се бесплатни

Учиме да разбираме и сакаме математика

Во Плусче со дечињата на возраст од 5 до 12 години учиме што сé всушност е математика. И како таа се состои насекаде околу нас.

Разбираме

како математиката помага да се открие природата, науките и уметностите.

Со математичката логика и нејзината практична применливост дечињата многу подобро ја разбираат секоја наука и уметност.

Сакаме

математика што ја поттикнува имагинацијата.

Математиката многу повеќе се сака кога е дел од детскиот свет на игра, фантазија и сништа.

Поддржуваме

различности на секое дете.

Математика е многу полесна ако е прилагодена на индивидуалните интереси и способности на децата.

ШТО УЧИМЕ?

  • + Општа математика - како и во програмите за основното образование. Целта е да им се помогне на дечињата подобро да ги разберат темите од часовите на училиште што не им се доволно јасни.

  • + Ментална аритметика – собирање, одземање, множење и делење со помош на абакус. Со оваа методологија кај дечињата се развива логично размислување, концентрација и меморија.

  • + Математика во науките и уметностите - нивно поврзување преку проекти што ја поттикнуваат креативноста и имагинацијата кај дечињата. Пр.: пропорција, перспектива, низа на Фибоначи, 2D-3D форми,..., во физика, сликарство, оригами и ракотворби,...

КОИ ПРИСTАПИ ГИ СЛЕДИМЕ?

  • + Учиме по напредна интернационална методологија и наставни материјали на Oxford University, Twinkle и Khan Academy.
  • + Учиме постојано преку многу, многу едукативни игри што го развиваат интересот и го стимулираат разбирањето.
  • + Учиме интерактивно, сите еден од друг - целосно и континуирано.

КАКО УЧИМЕ?

  • + Дечињата се поделени во групи според возраста. Сите се еднакви и учат заедно, но пристапот е индивидуален бидејќи секое дете е посебно.
  • + Наставата се одвива во два термини неделно, а секој термин (час) трае 45 мин. Учиме преку целата година, во две полугодија.
  • + Групите се формираат на почеток на секое полугодие, а секое дете може да ни се приклучи и подоцна.

Цена

  • + Цената на чинење на наставата е 3.000 ден. месечно, за 2 часа неделно.
  • + Во цената се вклучени сите трошоци за наставни материјали.
  • + Повелете на 2 бесплатни пробни часови пред запишување.

Бојана

мајка на Калин

Мноогу повеќе од само математика. Кога детето со жар во очињата излегува од часот и ти го прераскажува наученото со возбуда знаеш дека си направил добар избор.

Јована

мајка на Павел

Плусче е навистина супер. Павел секогаш одлично си поминува. Со нетрпение го очекува секој следен час.

Контактирајте нѐ

Адреса:

Борка Талевски бр. 51, Скопје
(зад Универзална сала)

Телефонски број:

+389 70 393 734

Пријавете се за 2 бесплатни пробни часови – пополнете ја формата:

Loading
Пораката е испратена. Благодариме!

Ќе ве контактираме за да одредиме точен термин за пробните часови.